ПРАВНА ИНФОРМАЦИЈА
Оваа веб-страница ви се претставува од „Фикосота“ ДОО, друштво со ограничена одговорност, регистрирано во Трговскиот регистар при Агенцијата за регистрација на Република Бугарија, со единствен матичен број на сибјектот (ЕМБС) 837055835, со седиште и адреса на управување: Бугарија, град Шумен, Бул. „Мадара“ бр. 48.
Термините „ние“, „нас“, „наш“ и „Фикосота“ се однесуваат на „Фикосота“ ДОО.
Со пристапот или користењето на оваа веб-страница на кој било начин, вие се согласувате да да ги почитувате следните Општи Услови за користење на веб-страницата на „EXO“1 („Општи услови“). Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови бидејќи тие содржат информации за вашите законски права и ограничувањата на тие права. Ако не се согласувате со овие услови, немојте да ја користите оваа веб-страница.
Поради тековните технички иновации и промените во правната рамка, повремено има потреба (одвреме-навреме) да се направат промени на овие Општи услови. Затоа, му се обраќање на корисникот со молба да ги прочита овие Општи Услови пред секоја посета на оваа веб-страница и да ги земе во предвид сите промени кои ќе бидат навремено одразени и ажурирани во Општите услови.
СООПШТЕНИЕ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И ТРГОВСКИТЕ МАРКИ
Целата содржина на оваа веб-страница (текстови, слики, звук и други материјали достапни на неа) вклучително и програмскиот код што ја управува оваа веб-страница се сопственост на Фикосота. Дизајнот и обликувањето на оваа веб-страница се заштитени со авторско право, права врз базата на податоци, дизајн и други права и не смеат да се копираат или имитираат, целосно или делумно. Сите права се задржани од Фикосота. Содржината и дизајнот на веб-страницата се заштитуваат со авторско право, во сопственост на Фикосота. Забранета е секаква репродукција на информации или податоци и, поспецијално, употребата на текстови или делови од нив или на фотографски материјал. Употребата би можела да се оствари единствено и само по претходна писмена согласност од Фикосота.
Сите трговски марки прикажани на оваа веб-страница се сопственост на Фикосота. Не е дозволено да се преземаат, копираат, менуваат или користат на каков било начин трговските марки без согласност од Фикосота. Во случај да има копирана трговска марка на трето лице на страницата, неговата употреба секако е одобрена со согласност на третото лице и се забранува секаква нерегулирана употреба од страна на корисниците. Секоја недозволена употреба или злоупотреба на трговските марки е изречно забрането и претставува прекршување на важечкото законодавство.
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДИТЕ
Прикажувањето на кој било производ на веб-страницата не претставува понуда за продажба од далечина или испорака на тој производ.
Производите прикажани на оваа веб-страница се примери на производите произведени од Фикосота. Фикосота не гарантира дека производот прикажан на оваа веб-страница се нуди и во вашата земја или регион, ниту дека името, описот или спецификацијата на производот ќе бидат исти како оние посочени на веб-страницата.
СПОДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА
На оваа веб-страница ние може да вклучиме функции што ви дозволуваат да споделувате содржина. Ве молиме имајте предвид дека при споделување на содржина преку оваа веб-страница, вашата содржина може да стане јавно достапна. Вие на Фикосота и давате неексклузивно, преносливо, без надомест, без одреден рок и неотповикливо право и лиценца за целиот свет, без да добивате од нас компензација за користењето, репродуцирањето, дистрибуцијата, адаптацијата, извлекувањето, пренесувањето, прикажувањето и претставувањето – јавно и на секаков друг начин – на оваа содржина. Правата на лиценца опишани погоре не престануваат по завршувањето на вашата употреба на оваа веб-страница. За целата содржина што ја споделувате преку оваа веб-страницаа, вие изјавувате и гарантирате дека ги имате сите права што се потребни за давањето на наведените лиценци.
СОЗДАВАЊЕ НА ЛИНКОВИ КОН ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА
Може да создадете врска (хиперлинк) до оваа веб-страница, но само со наша претходна писмена согласност за тоа и во согласност со упатствата што можеме да ви ги дадеме во таа врска. Поконкретно, може да се поврзувате само од веб-страница што е ваша сопственост и може да се поврзете само до нашата почетна страница.
Во секое време, може да побараме од вас да ја отстраните од вашата веб-страница врската (хиперлинкот) до оваа веб-страница, нашите трговски марки или лога и може да ги преземеме сите дозволени со закон правни и фактички активности за кои сметаме дека се соодветни против вас. Во случај на претрпена штета или загуба, вие ќе не обесштетите за каква било штета или загуба што сме ја претрпеле како резултат на поврзувањето со оваа веб-страница.
ОТКАЖУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛИНКОВИ КОН ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Оваа веб-страница може да содржи хиперлинкови кон веб-страници администрирани од трети лица кои не се Фикосота. Овие хипервлинкови се дадени само за ваша информација. Ние не ги контролираме овие веб-страници и не сме одговорни за нивната содржина, за нивната политика за приватност или други практики и политики на овие веб-страници.
Нашето поставување на хиперлинкови до овие веб-страници не претпоставува одобрување на материјалот содржан во овие веб-страници, ниту соработка со нивните администратори.
Фикосота не носи никаква одговорност за какво било прекршувања на авторските права, правата на трговска марка или прекршување на други права од индустриска сопственост и лични права извршени на веб-страница, пристапот до која е остварен преку хиперлинк.
ОТКАЖУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Фикосота ја објавува оваа веб-страница „ТАКВА КАКО ШТО Е“.
Фикосота не е одговорна за какви било штети кои произлегуваат од пристапот или користењето на оваа веб-страница – независно од причината за тоа.
Информациите, содржината или материјали, кои станале достапни преку оваа веб-страница може да вклучуваат неточности или грешки. Фикосота не ја гарантира точноста, веродостојноста или целината на информациите и не носи одговорност за какви било грешки или други неточности поврзани со информациската содржина или материјалите објавени овде.
Фикосота прави сериозни напори да ја одржува оваа веб-страница без вируси, но ние не можеме да гарантираме целосно немање на вируси. Затоа, ви препорачуваме да се погрижите за адекватната заштита на вашиот компјутер/телефон (на пример користење на антивирусни програми).
ДРУГИ ПРОПИСИ
Доколку се констатира дека некој дел од овие Општи услови е неприменлив (невалиден), сите останати делови од овие Општи услови ќе останат во сила.
Овие Општи услови ги регулираат нашите односи со вас и ја сочинуваат целата наша спогодба со вас.
Во врска со овие Општи услови и содржината на оваа веб-страница се применуваат одредбите од бугарското право, при што судовите во Република Бугарија имаат ексклузивна компетенција за разгледување и решавање на сите спорови во врска со овие Општи услови.
Овие Општи услови беа прифатени и стапуваат на сила на 19.03.2024